Американски медиуми: Стигнува руското оружје од кое нема одбрана

Фото: Profimedia

Рускиот систем за контрола на мали беспилотни летала за масовен напад „Јато 93“ претставува сериозна закана за потенцијалниот противник, пишува американскиот магазин „Popular Mechanics“

Новиот концепт ќе овозможи за време на нападите да се употребат повеќе од стотина дронови, а секој од нив ќе биде во можност да носи експлозивна направа, нагласува авторот Кајл Мизоками. Тој проценува дека ќе биде многу тешко да се обие удар на таква сила.

– Огромните јата на руски беспилотни летала нема да биде лесно да се запрат – пишуваат од магазинот.

Во текстот се наведува дека беспилотните летала, кои се направени по принципот на „летачко крило“, ќе можат да се дигнат во воздух и да дојдат во вертикална положба. Ќе можат и да носат товар од два и пол килограми. Мизоками истакнува дека вообичаените одбранбени средства – ракети, дронови, топови и автоматски пушки – не се доволно добри потполно да го неутрализираат „Јато 93“.

– Обранбениот систем кој е во состојба да сруши 90 отсто од дроновите има многу добри перформанси, но сепак пропушта 10 отсто од беспилотните летала – стои во текстот.

Според мислењето на авторот, најдобро средство во борбата против беспилотните летала може да станат „блокаторите на сигнал“, но тие не влијаат на автономните беспилотни летала, бидејчи тие не примаат радио-сигнали. Според авторот на текстот, рускиот систем „Јато 93“ ќе биде проблем за сите противници на Москва, кога ќе започне да се употребува во пракса.

„Јато 93“ е развиен од Воениот научен центар на Военото воздухопловство на Русија, а системот е претставен на форумот „Армија 2019“. Во зависност од задачата, бројот на летала може да се зголемува по потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот