Американски медиуми по увид во извештајот на СЗО за потеклото на ковид-19: Малку е веројатно дека „побегнал“ од лабораторија

Кингдао, Шандонг, Кина / 12 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Долгоочекуваниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на коронавирусот е конечно готов, јавија американски медиуми кои имале увид во него, и наведуваат дека „лабораторија е малку веројатно дека е причина за пандемијата”.

Заедничка студија наведува дека најверојатно сценарио за потеклото на ковид-19 е пренесување на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно.

Според тој извештај, што го пренесоа американски медиуми, пропуст во лабораторијата е крајната и малку веројатна причина. Документот не е конечна верзија, но е речиси финална верзија на извештајот на СЗО добиена од дипломат во Женева, кој не сакал да биде идентификуван, бидејќи не бил овластен да дава информации пред нејзиното официјално објавување.

Сè уште не е познато дали извештајот може да биде променет пред да биде објавен.

Тимот на СЗО предложи натамошно истражување во сите можни насоки во врска со потеклото на вирусот, освен хипотезата дека тој „побегнал” од лабораторијата.

Истражувачите разгледале четири сценарија по редослед на веројатност. Тие заклучија дека пренесувањето преку друго животно е многу веројатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот