Американски лекар со обвинувања до Трамп: Увезува непроверени лекови од Индија и Пакистан

– Владата ја доведува државата во потенцијално опасна ситуација нарачувајќи хлорокин, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и лекови, вели Брајт.

Водечкиот американски научник кој работи за владата на САД, Рик Брајт, го обвини претседателот Доналд Трамп дека не се подготвил правилно за пандемијата од корона вирусот.

Поранешниот директор на Управата за биомедицински истражувања и развој обвини дека администрацијата на Трамп се обидува да забрза со употребата на хидроксихлорокин, лек против маларија, за лечење на пациентите заразени од Ковид – 19, пишува Дојче Веле.

– Бев сведок како владата ја доведува државата во потенцијално опасна ситуација нарачувајќи хлорокин, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и лекови (ФДА), од Пакистан и Индија, и тоа од објекти кои никогаш до сега не биле одобрени од ФДА, изјавил Брајт пред новинарите.

Тој додал и дека со ваквата постапка на одобрување лекови против маларија „на слепо“ е алармантна и за него и за неговите колеги научници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот