Американски лекар обвинет дека усмртил 25 пациенти

Лекарот Вилијам Хусел, кој работел на интензивна нега во болница во Колумбос, во американската сојузна држава Охајо, обвинет е дека усмртил 25 пациенти, така што им давал прекумерни дози аналгетици.

Тоа е еден од најголемите случаи на масовно убиство во американскиот здравствен систем, поради што на Хасел му е одредена кауција од еден милион долари.

Хасел доби отказ од болницата „Моунт Кармел” и одземена му е лекарската лиценца во декември минатата година, кога се појавија обвинувањата против него, а потоа интерна контрола утврди дека во последните пет години на пациентите им препишувал потенцијално смртоносни дози аналгетици.

Некои од пациентите починале бидејќи биле тешко болни, но лекарската комисија заклучи дека кај некои со соодветна терапија би можело да им се поправи здравствената состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот