Американски крисници колективно го тужат Гугл и бараат пет милијарди долари

Многу корисници на Интернет претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи кога содржината на Интернет се пребарува во „приватен режим”, но Гугл вели дека тоа не е случај.

Во САД е поднесена колективна тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата незаконски ја нарушува приватноста на корисниците, на тој начин што ја следи активноста на луѓето дури и кога пребаруваат содржина на Интернет користејќи таканаречен „приватен режим” (private/incognito mode)

Тужителите бараат компензација од најмалку пет милијарди американски долари од Гугл и неговиот сопственик, компанијата Алфабет, јави Би Би Си..

Многу корисници на Интернет претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи кога содржината на Интернет се пребарува во „приватен режим”, но Гугл вели дека тоа не е случај. Гугл пребарувачот ги отфрла тврдењата дека нивното постапување е нелегално бидејќи, како што вели, јасно ги информирал корисниците дека секогаш кога ќе отворат нов „инкогнито таб”, веб-страницата на која се наоѓаат може да собере информации за нивната активност за пребарување.

Според адвокатската фирма „Бојес Шилер Флекнер”, која поднесе тужба пред федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија во вторникот, со колективната тужба веројатно ќе бидат опфатени „милиони” корисници на Гугл кои пребаруваат на Интернет од 1 јуни 2016 година. во приватен режим.

Во тужбата се наведува дека Гугл не смее да продолжи со тајното и неовластено собирање на податоци од речиси сите Американци кои имаат компјутер или телефон, пренесува Би Би Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот