Американски конгресмен и неговото семејство со оружје во рака пред божиќна елка, неколку дена по масакрот во Мичиген

Американски конгресмен и семејство
Американски конгресмен и неговото семејство со оружје пред божиќна елка/ Фото Twitter Thomas Massie

Американски конгресмен во саботата објави фотографија на која тој и неговото семејство позираат со пиштоли околу новогодишна елка, само неколку дена по пукањето во средно училиште во Мичиген и убиството на четворица тинејџери, пренесува Ројтерс.

„Среќен Божиќ! П.С. Дедо Мраз, донеси ни муниција“, напиша републиканскиот конгресмен Томас Маси од Кентаки на Твитер покрај објавената фотографија.

Во пукањето во Мичиген, беа убиени четири ученици, а уште шест ученици и еден наставник беа повредени, а настанот повторно ги разгоре жестоките дебати за безбедноста на училиштето, контролата на оружјето и правото на поседување пиштол.

Неговите родители Џејмс и Џенифер Крамбли беа уапсени откако истражителите во петокот поднесоа тужба против нив за убиство од небрежност. Родителите беа уапсени по бркотницата, се изјаснија за невини по четири точки од обвинението, а обвинителот одреди кауција од 500.000 долари за секој од нив.

Имено, тие наводно неодамна му купиле оружје на синот како божиќен подарок и ги игнорирале знаците дека може да следи масакр. Итан објави фотографии од пиштолот на социјалните мрежи, пишувајќи „Само што добив нова убавица“.

И децата држат автоматско оружје

Во меѓувреме, Маси објави фотографија на која тој и уште шестмина држат огнено оружје слично на митралез М60, полуавтоматска пушка АР-15 и митралез Томпсон.

Според американските закони, оружјето како митралез е ограничено на војската, полицијата и цивилите кои добиле посебни дозволи за оружје произведено пред мај 1986 година.

Менаџерот на кампањата на Маси, Џонатан ван Норман, сè уште не одговорил на барањето за коментар.

Најавата, меѓу другото, ја осуди и демократскиот конгресмен од Кентаки, Џон Јармут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот