Американски инвеститор: Заради пандемијата не чека најголемата финансиска криза до сега

Фото: ЕПА

Како што вели овој легендарен инвеститор, многу индустрии, како што се авионските и туристичките, ќе претрпат голема штета.

Владите низ целиот свет пробуваат да го запрат ширењето на коронавирусот, кој ја загрозува економијата на глобално ниво. Легендарниот американски инвеститор Џим Роџерс веќе не го поставува прашањето дали финансиските последици од пандемијата ќе бидат големи, туку е сигурен дека не чека најголемата економска криза до сега, пишува РТ.

Според неговите зборови, многу ќе ги почуствуваат последиците од пандемијата на коронавирусот бидејќи тие ќе бидат забележливи многу долго по совладување на вирусот.

„Веќе кажав за РТ дека следниот финансиски проблем ќе биде најлош до сега“, вели Роџерс, истакнувајќи дека веќе сме се упатиле кон „финансиска криза која ќе ја почуствуваме за неколку месеци“.

Како што вели овој легендарен инвеститор, многу индустрии, како што се авионските и туристичките, ќе претрпат голема штета. Компаниите со големи долгови се особено загрозени сега, а посебно тие кои учествуваат во меѓународна трговија.

„Некои од нив ќе банкротираат“, рекол тој, додавајќи дека авиокомпаниите и компаниите за бродови веројатно ќе ги спасат државите, бидејќи секој друг исход би бил срамен.

Бидејќи ситуацијата е несигурна, тој ги советува инвеститорите да ги вложат своите пари „само во тоа што многу добро го знаат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот