Американски и француски дипломати во Москва по детали од договорот за Нагорно Карабах

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Дипломати на САД и Франција утре ќе пристигнат во Москва за да се запознаат со детали од договорот за Нагорно-Карабах, јави денеска руското МНР

Како гаранти на овој договор, Русија и Турција досега не испратија конкретни детали околу тоа во што се состои самиот договор за прекин на огнот. САД и Франција претходно побараа да бидат директно брифирани во врска со деталите. Французите сметаат дека има неопределености околу условите за прекин на огнот

Во одговор на ова, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека му било чудно да слушне такви изјави од САД, бидејќи деталите околу договорот веќе биле испратени по дипломатски канали

Во врска со барањето на Франција, тој истакна дека во изминатите десет денови претседателите на Русија и на Франција двапати „најдетално“ разговарале на оваа тема

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Американците и Французите „не треба да ги дуваат усните” затоа што договорот бил склучен без нив. Тој високо ја оцени нивната заинтересираност и учество во претходните напори за изнаоѓање решение

Путин истакна дека се работи за судбината на милиони луѓе. А минатата недела тој откри дека во воениот конфликт за територијалниот спор околу Карабах меѓу Ерменија и Азеребејџан, што започна во септември, загинале вкупно околу 4.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот