Американски генерал пренесува искуства од борбата со вирусот во Јужна Кореја

Абрамс командува со околу 28.000 американски војници во Јужна Кореја кои застанаа во првите борбени линии со пандемијата.

Јужна Кореја брзо реагираше и успеа да го запре ширењето на вирусот, благодарение на својата кампања на масовно тестирање, утврдување на патот на инфекцијата и изолација на инволвираните.

-Делувај одлучно, делувај рано, е советот на генералот Роберт Абрамс, највисокиот американски генерал во Јужна Кореја, за тоа каква треба да биде борбата против коронавирусот.

-Изгледа претерано. Но, една недела подоцна, вашата заедница ќе разбере, изјави генералот Роберт Абрамс за Гласот на Америка и за Си-Ен-Ен, во интервју во четвртокот во Сеул.

Абрамс командува со околу 28.000 американски војници во Јужна Кореја кои застанаа во првите борбени линии со пандемијата. Таквите напори даваат важен увид во глобалната борба против Ковид-19.

Најважната лекција, според Абрамс, е да се дејствува веднаш и одлучно. Треба да го нападнете ова силно и брзо од самиот почеток, рече тој.

-Има многу, многу висока стапка на заразени. Никаде тоа не е толку очигледно како што е во Јужна Кореја.

Државата го пријави својот прв случај на 20 јануари. Бројoт на случаи остана релативно низок со недели, додека 61-годишна жена, триесет и првиот потврден случај во државата, не присуствуваше на верска богослужба откако беше заразена со вирусот.

За една недела, во Јужна Кореја експлодираа илјадници случаи – над половина од нив беа поврзани со верската група.

-Потребно е само едно лице, рече Абрамс, посочувајќи го овој случај, на т.н. случај „Пациент 31″ во Јужна Кореја.

Јужна Кореја брзо реагираше и успеа да го запре ширењето на вирусот, благодарение на својата кампања на масовно тестирање на коронавирусот, утврдување на патот на инфекцијата и изолација на инволвираните.

Досега, американската војска во Јужна Кореја го избегна сопствениот „супер преносител”. Од петокот, само 17 лица поврзани со американските сили во Кореја, вклучително и двајца членови на вооружени служби, беа позитивно тестирани на вирусот.

Како и да е, минатата недела со растот на бројот на нови инфекции поврзани со воените американски сили, Абрамс спроведе нови строги мерки – во кампот Хемфрис, најголемата американска база во Јужна Кореја, животот драматично се промени. Спортски сали се затворени. Автобуските и такси-услугите се суспендирани. Ограничен е бројот на присутни во продавница во исто време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот