Протест во Вашингтон поради најавите за укинување на УСАИД / 5 февруари 2025 г. / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Американски федерален судија наложи УСАИД да продолжи да работи

Американски федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Доналд Трамп да ја укине тримесечната забрана државната агенција за помош во странство, УСАИД, да финансира разни проекти, а како причини ги наведе огромните штети направени врз непрофитните организации и другите институции кои ја спроведуваат американската помош во други земји.

Како што пренесе „Гардијан“, одлуката е одговор на тужба поднесена од две невладини организации – Коалиција за промиварење на вакцина против СИДА (AIDS Vaccine Advocacy Coalition) и Совет за глобално здравје (Global Health Council), кои се здравствени институции финансирани од американски средства за работа во странство.

Судската одлука е втора ваква пресуда против администрацијата на Трамп која прави напори за драстично кратење на државниот апарат на САД и се обидува да ја укине Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) која постои веќе шест децeнии, а за која Трамп и неговиот сојузник Илон Маск велат дека не е во согласност со агендата на Трамп.

Одлуката донесена синоќа од Амир Али, окружен судија од Вашингтон, е прва ваква против ненадејното и целосно запирање на финансирањето од УСАИД за програми во странство.

Изведувачи на разни проекти, земјоделци и снабдувачи во САД и во многу странски земји останаа без стотици милиони долари за веќе завршена работа а тоа доведе до масовни отпуштања во тие бизниси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот