Американски експерти тврдат дека новата руска офанзива веќе е запрена

Украина војници EPA-EFE/c

Во најновата анализа на конфликтот во Украина, Институтот за проучување на војната (ИСВ) оцени дека новата руска офанзива во Украина е веќе запрена. „Во споредба со претходните недели, севкупното темпо на руските операции во Украина се чини дека е забавено“, забележа американскиот тинк-тенк.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, минатиот месец изјави за „Њузвик“ дека Русија веќе започнала офанзива и дека од Киев доаѓа контраофанзива. ИСВ рече дека во месецот на својата нова офанзива, Русија едвај ја проширила својата територија во Украина.

Институтот истакна дека вчера, полковникот Олексеј Дмитрашкивски, портпарол на украинскиот прес-центар на одбранбените сили Таври, рече дека руските офанзивни дејства значително се намалиле во текот на изминатата недела, при што дневните руски копнени напади паѓале од 90 до 100 на 20 до 29.

Дмитрашкивски објави дека силите на рускиот претседател Владимир Путин донекаде го изгубиле офанзивниот потенцијал поради „значителните загуби во жива сила и опрема“. ИСВ пишува дека изјавите на Дмитрашкивски се во согласност со неговата општа опсервација во врска со темпото на руските операции долж целата линија на фронтот во Украина.

„Руската офанзивна операција во регионот Луганск веројатно се приближува до својот врв, ако веќе не е, иако Русија ги посвети повеќето елементи од најмалку три дивизии на линијата Сватов-Кремин“, пишува ИСВ.

Во текот на изминатата недела, руските сили постигнаа само минимални тактички придобивки долж целата линија на фронтот на Луганската област, додека украинските сили неодамна веројатно успеаја да започнат контранапади и да ја вратат територијата, соопшти тинк-тенкот. Генерално, ИСВ вели дека руските сили сè уште не успеале да постигнат значителни придобивки во новата офанзива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот