Американски Доминос не успеа да ги убеди Италијаните во нивните пици, го затвори и последниот ресторан

Доминос пица/ Фото Indranil Aditya/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

По седум години откако започна со работа во Милано, американскиот ланец Domino’s pizza ја напушти Италија, откако не успеа да ги придобие Италијанците.

Гигантот на пазарот за брза храна ја затвори и последната од своите 29 продавници на Апенинскиот Полуостров, по борбата да се позиционира во земјата што покажа оти тешко е да се придобие нејзиното население.

Доминос пристигна во Италија во 2015 година и планираше да ги придобие граѓаните со „чисто италијански” состојки.

Плановите на компанијата да ги „намами” Италијанците со достава на пица, беа урнати од пандемијата, откако и домашните пицерии масовно се свртија кон испорака на адреса поради мерките за ограничување со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот