Американски дипломати со предупредување до домашната јавност: Не користете кинески тестови за коронавирус

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Американски дипломати и безбедносни служби ги предупредија властите во Невада да не користат кинески тестови за новиот коронавирус, што пристигнале во САД како донација од Обединетите Арапски Емирати.

Според документите до кои дојде агенцијата АП, предупредувањето е испратено поради загриженост за приватноста на пациентите, точноста на тестот и вклученоста на кинеската Влада во проектот.

Информациите до кои дојде АП го илустрираат обидот на американската Влада да спречи федералната држава да има каква било врска со проектот во кој е вклучена кинеската групација БГИ, водечка компанија за „генетско секвенционирање”.

Предупредувањата од официјалните претставници на државната безбедност и Стејт департментот го натераа гувернерот на Невада, Стив Сисолак, да нареди болница во таа американска држава да не користи ниту еден од донираните 250.000 комплети за тестирање.

Администрацијата на Трамп активно лобираше кај своите сојузници да не ја користат телекомуникациската опрема на кинеската компанија„ Хуавеј”, повикувајќи се на безбедносни ризици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот