Американски дипломат силувал 23 жени, му се заканува доживотна казна затвор

Архива

Поранешен американски дипломат признал дека дрогирал, сексуално злоупотребувал и потоа фотографирал вкупно 23 жени додека бил на неговата 14-годиншна функција во американската амбасада во Мексико, пренесува американското Министерство за правда

Министерството за правда објави дека на осомничениот 45-годишен Брајан Џефри Рејмонд може да му следува доживотна казна затвор. 

„Рејмонд го напушти Мексико откако на 31-ви мај 2020-та година, гола жена испаничена барала помош. Жената изјавила дека не памти што и се случило откако била на вечера со Рејмонд“ стои во соопштението на министерството. 

При истрагата биле откриени и стотици слики од голи и полуголи жени, кои Рејмонд ги сликал. Министерството соопшти дека неговите кривични дела започнале уште во 2006-та година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот