Американски џез музичар ја загуби битката со коронавирусот

Фото: Принтскрин

Џез легендата од Њу Орлеанс, Елис Морсалис, почина пред два дена, откако музичарот ја загуби битката со коронавирусот, пренесуваат американските медиуми.

Славниот музичар почина на 81-годишна возраст, а во САД имаше статус на легенда.

– Морсалис  беше прототип на она на што мислиме кога зборуваме за џезот во Њу Орлеанс – рече градоначалникот на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел во изјавата во средата вечер.

– Тој беше учител, татко и икона – и зборовите не се доволни за да ја опишат уметноста, радоста и чудата што тој му го покажа на светот – додава Кантрел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот