Американски авиони бомбардираа во Сирија, убија 19 проирански борци

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Деветнаесет луѓе загинале во американски воздушни напади врз позициите на проиранските борци поврзани со Револуционерната гарда на Иран во источна Сирија – соопшти денеска независната Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Според набљудувачите, во американските воздушни напади загинале тројца сириски војници, 11 сириски борци во провладините фракции и пет несириски борци поврзани со владата.

Шефот на набљудувачката мисија во Сирија, Рами Абдел Рахман, не можеше да ја прецизира националноста на жртвите од американските воздушни напади.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го предупреди Иран дека САД „ќе возвратат насилно“ за да ги заштитат своите граѓани. Иран е клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад низ целата 12-годишна граѓанска војна во земјата.

Проирански фракции, вклучувајќи ја либанската организација Хезболах и групи од Ирак контролираат делови од источна, јужна и северна Сирија и предградијата околу главниот град.

Зголеменото присуство на Техеран во Сирија редовно предизвикува израелски воздушни напади, но воздушните напади на САД се поретки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот