Американската морнарица тврди дека запленила делови од иранска ракета

Воен брод на американската морнарица запленил делови од ракета за која се верува дека е поврзана со Иран во Оманскиот залив, изјавија американски официјални претставници во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Техеран да ги ограничи своите регионални активности.

Официјални лица, кои не сакаа да бидат именувани, изјавија дека воениот брод „Форест Шерман” запленил мал брод минатата недела каде крајбрежните чувари пронашле делови од ракетата.

Екипажот на малиот брод бил пренесен кај јеменската крајбрежна стража, а делови од ракетата сега се во сопственост на САД, додаваат официјалните лица. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот