Американската лекарска асоцијација потврди: Вакцините на Синофарм се ефикасни и безбедни

Фото: EPA-EFE/Janos Vajda HUNGARY OUT

Двете вакцини од кинеската комапнија Синофарм се безбедни и ефикасни против ковид-19, се наведува во студијата објавена во медицинското списание на Американската лекарска асоцијација.

Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а една неодамна доби поддршка од Светската здравствена организација за итна употреба, објави АП.

Извештајот објавен на интернет во Журналот на Американската медицинска асоцијација заклучува дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти, или 78 проценти, како што претходно тврдеше Синофарм.

Истражувачите од Синофарм и нејзините локални партнери на Блискиот исток наведуваат дека околу 40.380 учесници учествувале во истражувањето.

Користени се две вакцини на Синофарм, едната изработена од Институтот за биолошки производи во Вухан, другата развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг и плацебо.

Анкетата е спроведена во четири земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан, сепак, студијата покажа само податоци за Бахреин и ОАЕ.

“Нема ништо многу изненадувачко. Тоа е во согласност со она што тие го тврдеа порано, но не ги отстранува целосно сомнежите за Синофарм”, рече Џин Донг-јан, професор по медицина на Универзитетот во Хонг Конг, кој не беше вклучен во студијата.

Вакцините, обете направени од инактивни вируси, веќе им се дадени на милиони луѓе ширум светот.

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината  против ковид-19  на Институтот за биолошки производи во Пекинг, на почетокот на мај, така што таа е прва кинеска вакцина што го добила сертификатот.

Беќаровски: „Синофарм“ е идеална за оние коишто го прележаа ковид-19

Видео на денот