Американската комора го повика Косово да се приклучи на Отворен Балкан

Отворен Балкан во Белград/Фото: Влада на РСМ

Американската комора во Приштина го повтори својот повик до владата на Косово да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан и истовремено го поздрави договорот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина постигнат на 18 март во Охрид.

Во соопштението на Комората, таа смета дека договорот ќе отвори можности за економски развој на двете страни, подобрување на размената на стоки и услуги, пренесува Коха.

„Американската комора го повторува својот повик до Владата на Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар“, се вели во соопштението.

Како што е наведено, Вашингтонскиот договор потпишан на 4 септември 2020 година предвидува дека двете страни ќе се приклучат на „Мини Шенген“, што Србија, Албанија и Северна Македонија го најавија во октомври 2019 година и целосно ќе ги искористат предностите од тоа.

Американската комора, исто така, ги повика Белград и Приштина да ги почитуваат претходно преземените обврски за инвестиции во патната и железничката инфраструктура, укажувајќи дека развојот на транспортната инфраструктура ќе овозможи слобода на движење на луѓе и стоки, како и слобода за давање услуги, со што ќе се подобри мобилноста на компаниите и вработените во Отворен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот