Американската економија расте споро поради пандемијата, Конгресот пред договор за нова помош

Обновата на американската економија најверојатно е успорена поради растот на случаи на заразеност од коронавирус: работодавците во ноември вработиле 245.000 нови работни места, помалку од предвидувањата, се дознава од денеска објавениот извештај на Министерството за труд.

Во меѓувреме, републиканците и демократите во Конгресот ги пеглаат разликите за донесување втор пакет економска помош.

Од извештајот се дознава дека бројот на лица кои останале без работа во тек на подолг период (повеќе од 27 недели) во ноември се зголемил за 385.000 до 3.9 милиони луѓе, додека нивото на општа економска активност се намалила за два проценти до 61.5 отсто.

Нивото на безработица во ноември се намалило до 6.7 отсто, споредбено со октомврискиот показател од 6.9 отсто. Тоа е едно од најниските снижувања од почетокот на пандемијата во САД, каде засега невработени се 10.7 милиони Американци.

Економската ситуација во САД може да се влоши, бидејќи републиканците и демократите до сега не успееја да се договорат по повод пакетот економска помош, што треба да го замени во март донесениот закон за помош поради пандемијата во висина од 2.2 трилиони долари. Рокот на траење на многу точки предвидени со тој закон веќе помина и милиони Американци ќе ги загубат исплатите за невработеност веднаш по Божиќ.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека постои можност од донесување на законот и дека позициите на двете партии се приближуваат. Лидерите на демократите во Конгресот поддржаа двопартиски предлог со сума во висина од 908 милијарди долари.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден, синоќа пак изјави дека ако се усвои законот се усвои, ќе биде добар почеток за новата Администрација.

-Но тоа е недоволно, рече Бајден во заедничко интервју со избраниот потпретседател Камала Харис за Си-ен-ен. Тој додаде дека по стапувањето на функција на 20 јануари, ќе се бори за понатамошно пружање помош на Американците. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот