Aмериканската амбасадорка во Тирана: Ако сакате промена, гласајте за промена. Ако сакате криминалци, гласајте за криминалци.

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, гостувајќи во телевизиска емисија зброувајќи претстојните парламентарни избори рече дека „промената е во рацете на Албанците”.

Таа им порача на албанските граѓани дека доколку сакаат промена треба да гласаат за промена, додавајќи дека 25 април е вистинскиот момент, кога „гласањето е моќ на граѓаните”.

-Албанските гласачи се првата најдобра надеж. Ова е основата на секоја демократија, гласачите. Мислам дека луѓето се бомбардирани да веруваат дека немаат моќ. Фактот дека некој се обидува да го купи вашиот глас треба да покаже дека не сте без моќ. Ова е ваша моќ. Вашиот глас е ваша моќ. Албанците што ги среќавам насекаде во земјата ми велат дека им е дојдено преку носот од корупцијата, од неказнивоста, од криминалците кои седат во парламентот, изјави таа, пренесува Ора њуз телевизија.

Додаде дека ова е моментот албанските граѓани да покажат со своите постапки дека се сериозни.

-Не може да се случи да ме прашате за моето мислење како Соединети држави, јас ви го давам тоа а вие тогаш да продолжите да го направи истото. Ако сакате промена, гласајте за промена. Ако сакате криминалци, гласајте за криминалци. Но, она што го правите треба да одговара на она што го кажувате дека го сакате. 25 април е моментот, порачува Ким.

Таа се задржа и околу лицата кои се на „црната листа” на САД, посочувајќи дека се и поранешни високи функционери.

Меѓи нив се и Адријатик Лала, поранешен државен обвинител и Том Доши, лидер на Социјал демокртаската партија, кој е на кандидатска листа за пратеник, иако било побарано „лица без интегритет да на се дозволи да бидат кандидати за пратеници”.

Доши како член на Социјалистичката партија пратеник во законодавниот дом влезе во 2005 година. Поради несогласувања со лидерот Еди Рама тој во 2015 година се отцепи од оваа и ја формира СДП а делуваше како независен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот