Американската амбасадорка во Албанија предупредува: Лажат оние што велат дека правосудната реформа не е ништо

 Американската амбасадорка Јури Ким, која присуствуваше на фестивал во Пустец, одговарајќи новинарски прашања за напредокот на правосудните реформи, рече дека „лажат оние што велат дека правосудната реформа не е ништо”, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Мислам дека правосудната реформа се движи напред, полека, полека. Сега е време да продолжиме понатаму. Не се откажувајте. Некои луѓе велат дека реформата во правдата не е ништо, ние мора да се откажеме, но не, тие ве лажат, не се откажувајте, изјави Ким.

Според Топ чанел, за разлика од нејзниот претходник, амбасадорот Доналд Лу, кој спомна голема риба за да илустрира корупција на високо ниво во Албанија, Ким се чини нема намера да аплицира етикетирање како нејзиниот претходник.

– Јас сум дипломат. Јас не сум обвинител, не сум рибар, не сум судија, јас сум само дипломат. Институциите имаат своја одговорност, тие знаат кои се нивните одговорности, мислам дека почнуваат да ги исполнуваат. Да ги поддржиме, рече таа.

Јури Ким смета дека покрај реформите во правосудството, треба да се зборува и за „убавините на Албанија и душата на Албанците што дава надеж”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот