Американската амбасадорка се врати во Киев

Илјадници волонтери вклучени во одбраната на Киев/Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

 Вршителот на должноста амбасадор на САД во Украина, Кристина Виен и група американски дипломати денеска се вратија во амбасадата во Киев, првпат од 24 февруари, кога започна рускиот напад врз Украина.

Американската амбасада во Киев беше затворена кон средината на февруари поради загриженост од руската воена интервенција, потсетува Си-Ен-Ен.

Мала група американски дипломати потоа беше префрлена во западниот украински град Лавов, пред да се пресели во Полска и повремено да се враќаше во Украина.

Меѓутоа, на 24 февруари САД ги суспендираа дипломатските служби во Лавов, додава Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот