Американската амбасада донираше заштитни средства за организација на изборите

Амбасадата на САД во земјава денеска на Државната изборна комисија и предаде донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 дезинфициенци како помош и поддршка во напорите на Владата да се одржат безбедни избори и да се заштити здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес.

-Чест ми е што сум тука со претседателот на ДИК Оливер Дерковски да му ја предадам оваа донација во иметот на Владата на САД. Се надеваме дека оваа донација ќе даде придонес на напорите на Владата на Северна Македонија да се одржат сигурни и здравствено безбедни избори, рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, и притоа потенцира дека САД ја поздравува Владата за нејзината посветеност на демократските вредности, како што рече,  дури и за време на овие тешки времиња.

Прочитајте и...  Течат роковите за нова влада, партиите преговараат, но не соопштуваат детали

Таа потенцира дека заштитната опрема и дезинфициенците се исклучително барани во светот за време на оваа пандемија бидејќи, како што рече, сите земји се обидуваат да обезбедат доволно количини за да ги заштитат своите граѓани.

-Ние сме задоволни од тоа што Владата презема активни мерки да овозможи да се одржат безбедни избори и да ги заштитат граѓаните и лицата кои се вклучени во организацијата на изборниот процес, рече таа додавајќи дека ова е особено важно и поради тоа што ова се први избори кои се организираат во земјава во услови на пандемија.

САД, потенцира американската амбасадорка, „остануваат посветени поддржувачи на нашиот партнер Северна Македонија – нашиот нов НАТО сојузник во справувањето со оваа глобална криза”.

Прочитајте и...  Убиен тинејџер (17) и 20 повредени при пукање на собир во Вашингтон (ВИДЕО)

Претседателот на ДИК Дерковски, се заблагодари за одѕивот на американската Амбасада на повикот на Комисијата за поддршка во неопходните санитетски материјали.

-Десет илјади средства за дезинфекција и 50.000 заштитни маски кои се донација од американската Абасада и нејзините организации и те како ќе ни помогнат во организација на овие избори, се со цел да овозможиме нашите граѓани да им биде обезбедена најголемата можна заштита при изборниот процес, рече претседателот на ДИК.

Тој изрази надеж и уверување дека соработката на ДИК и американската Амбасада и во иднина ќе продолжи во, како што рече, во овој правец во кој се движела порано и сега.

Прочитај повеќе

Во Унгарија 43 нови случаи на коронавирус, нема починати

Слободен печат

Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Слободен печат

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

МИА Агенција

Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Слободен печат

Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Две семејства се тепаа пред Градска болница, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Директорката Сотирова Бухова во самоизолација поради контакт со заболен член од семејството

Слободен печат

Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко

Слободен печат

Повеќе од 5 милиони заразени од коронавирус во САД

Слободен печат

Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

Слободен печат

Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат