Американска тениска легенда го предвидува шампионот на „Австралија опен“!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Поранешниот американски тенисер Џим Куријер вели дека првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е голем фаворит за освојување на трофејот на грен слем турнирот во Мелбурн.

Куријер во својата кариера освои по две титули на „Австралија опен“ и „Ролан Гарос“ во периодот од 1991-1993 година, а по еднаш беше финалист на „Вимблдон“ и „УС Опен“.

Иако го фаворизира српскиот ас, Американецот не верува дека „големата тројка“ ќе триумфира на сите четири грен слемови оваа сезона, бидејќи и останатите играчи од врвот на АТП листата покажаа напредок.

– Во 2021 година, некој надвор од тој славен круг на големи играчи ќе ја освои титулата. Не верувам дека некој од постарите ќе ги освои сите Грен слемови како што тоа го направија во претходните години. Сепак, очекувам еден од нив, Новак или Рафа да го освои „Австралија опен“ – изјави Куријер.

Тој му дава предност на Ноле бидејќи во повеќето наврати покажа дека е најдобар на „Австралија опен“.

– Новак е секако најголемиот фаворит, имајќи предвид колку пати го освои трофејот и колку добро играше минатата година. Тој е одморен, подготвен, имаше можност да тренира со полн капацитет во Аделаиде и во петок го чека добар меч со Синер на егзибицискиот меч. Тој има сè подготвено. Но, и помладите ќе имаат свои можности. Можам да замислам дека ќе има изненадувања на некои други турнири – додаде Куријер за радиото „Вајд Ворлд оф Спортс“.

Тенисерите во Австралија денеска излегуваат од карантин, а почетокот на првиот слем оваа сезона е закажан за 8 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот