Американска лабораторија најави вакцина против коронавирус

Фото Архива на СП

Фазата 2, на поголем број лица, треба наскоро да почне, а Модерна наведува дека фаза 3, последната и најголема за проценка на делотворноста на вакцината треба да почне во јули.

Американската лабораторија Модерна објави позитивни податоци од почетната фаза на клиничките испитувања на својата вакција против коронавирус врз мал број доброволци.

Изгледа дека вакцината наречена mRNA-1273 предизвика имунолошки одговор кај осум лица кои ја примија, еднаков на одговорот кој го имаат лицата кои природно се заразиле со вирусот, стои во соопштението од лабораторијата.

Не се познати целосните резултати од испитувањата во фаза 1, првата во развојот на вакцината, која вклучува 45 учесници.

„Овие привремени прелиминарни податоци од фаза 1, покажуваат дека вакцинирањето со mRNA-1273 покренува имунолошки одговор со еднаква сила како и оној предизвикан со природната зараза“, изјави Тал Закс, директор на Модерна.

Три групи пациенти

Клиничкото истражување го води Националниот институт за здравство (НИХ), а американската влада во тој проект на Модерна вложи близу пола милијарда долари.

Три групи од 15 пациенти примија три дози разни вакцини, еднаш или два пати.

Тестовите врз глувци одвоено покажаа дека вакцината спречува вирусот да се размножи во белите дробови.

„Екипа од лабораторијата Модерна и натаму работи на најбрзото и најсигурното покренување на клучното испитување во фаза 3 во јули“, објави Модерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот