Американска компанија тврди дека има вакцина против коронавирусот

Фото: Профимедиа

Американската компанија „Модерна“ која произведува лекови ја испорача својата прва серија на вакцина против новиот коронавирус до американските здравствени агенција, со цел да може да се покренат првите тестирања на луѓе.

„Модерна” вчера соопшти дека испратила примероци од вакцината до Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) и очекува првите клинички испитувања на луѓе да почнат на крајот од април, а прелиминарните резултатите се очекуваат во јули или август.

Додека Светска здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека антивирусниот лек против ебола – Ремдесивир, се покажал ефикасен во намалување на симптомите од Ковид-19.

СЗО додаде дека се спроведуваат клинички испитувања на луѓе, а резултатите би биле познати за неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот