Американска компанија кон крајот на месецов ќе тестира вакцина врз луѓе

ФОТО - Архива : Модерна, EPA-EFE/CJ GUNTHER

Акциите на Модерна во текот на денов пораснаа за околу 2,5 отсто на американската технолошка берза Насдак.

Американската фармацевтска компанија Модерна Инк соопшти дека од 27 јули или околу тој датум ќе почне со завршни клинички испитувања за вакцина против ковид-19.

Се работи за третата, клучна фаза од испитување врз луѓето на вакцината mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (НИХ), а американската влада во тој проект на Модерна вложи близу половина милијарди долари.

Завршните клинички испитувања ќе се спроведат на 97 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи изгледи да се заразат од коронавирус. Во текот на испитувањата ќе се спореди бројот на новозаразени лица кои ја примиле новата вакцина и оние кои добиле плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 сојузни дражави и во Вашингтон. Половина се држави кои се тешко погодени од епидемијата, како Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона, Северна и Јужна Каролина.

САД во последните денови бележи рекорден број на новозаразени, посебно од споменатите држави.

Акциите на Модерна во текот на денов пораснаа за околу 2,5 отсто на американската технолошка берза Насдак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот