Американска докторка: Ако се користат овие три состојки секојдневно, речиси нема шанси да добиете рак!

Американската докторка, Каролин Андерсон, на јавноста ѝ понуди еден многу едноставен рецепт со кој се намалуваат воспалителните процеси во телото, а според неа и се спречува појавата на ракот.

Станува збор за смеса од три лесно достапни состојки. Овие сознанија, како што раскажува Андерсон, се засноваат на двеилјадигодишната традиција на користење на овие состојки во источна Индија, а кои се потврдени со најновите медицински истражувања и студии во западната медицина. Андерсон нагласила дека ако се користат овие три состојки секојдневно, речиси нема шанси да добиете рак.

Рецептот е следиот:

Измешајте 1/4 кафено лажиче куркума со 1/2 кафено лажиче маслиново масло. Во тоа додадете малку свежо мелен бибер. Овие три состојки измешајте ги во шолја.

Вака приготвената смеса може да се консумира директно, но може и да се користи како додаток на разни јадења, супи и на салати.  Единствено на што треба да се внимава е доколку ги користите во готвени јадења, да не бидат преварени, па затоа додавајте ги на самиот крај на готвењето. Ако ги консумирате директно, можете да ги помешате со малку вода.

Но, што точно го спречува ракот и ширењето на ракот? Одговорот на ова прашање оваа докторка го дала на својот блог.

Молекулите во куркумата што го предизвикуваат овој противвоспалителен ефект се нарекуваат куркумин. Најновите студии откриваат дека куркумата спречува појава на неколку видови рак: рак на дебелото црево, простата, мозок, дојка. Експериментите покажале дека без разлика колку биле изложени на канцерогени хемикалии, кај оние кои користеле куркума спречено било развивање на многу видови рак.

Поради тоа, идеална комбинација за лекување и превенција на рак е куркума во комбинација со бибер или ѓумбир. Биберот согласно истражувањата ја зголемува делотворноста на куркумата дури за 200
отсто, вели Андерсон.

Андерсон уште нагласила како за успешна превенција на рак, но и за уништување на клетките на ракот, потребно е оваа смеса да се користи секој ден во повеќе наврати.

„Користете ја што е можно почесто“, вели Андерсон и додава дека оваа смеса, односно овој природен лек против ракот нема нуспојави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот