Американска атлетичарка падна на допинг тест поради – бурито

epa06866636 Shelby Houlihan of the USA is on her way to win the women's 1,500m race at the Athletissima IAAF Diamond League international athletics meeting in the Stade Olympique de la Pontaise in Lausanne, Switzerland, 05 July 2018. EPA-EFE/VALENTIN FLAURAUD

Американката Шелби Хулихан е суспендирана на четири години бидејќи била позитивна на допинг контролата, а како причина за позитивниот тест наведе дека е поради бурито од свинско месо.
Американската атлетичарка на новинарите им изјави дека во јануари годинава била известена дека на допинг тестот била позитивна на анаболичкиот стероид нандролон.
Според Хулихан, причината за позитивниот тест најверојатно е тоа што вечерта пред тестирањето јадела бурито од свинско месо.
Одделението за интергритет во атлетиката соопшти дека одлуката за четиригодишната суспензија ја поддржа и Судот за спортска арбитража, а суспензијата стапи на сила на 14 јануари годинава.

„Сакам да бидам јасна, никогаш не сум земала супстанци кои ги зголемуваат перформансите. Тогаш дознав дека ВАДА има сознанија оти конзумирањето на свинско месо може да предизвика лажно позитивен тест на нандролон бидејќи. Свинските изнутрици имаат најголемо ниво на надролон“, напиша Хулихан на социјалните мрежи.

Атлетичарката потенцира дека пет дена откако била известена за позитивниот тест, направила список на намирници кои ги конзумирала пред тестирањето.
Донесовме заклучок дека причина за позитивниот тест е буритото кои го купив и го изедов 10 часа пред допинг тестот. Буритото е купено во автентичен камион кој продава мексиканска храна и кој се наоѓа во близина на мојот дом во Бивертон. За тоа ја известив единицата за интегритет во атлетиката и верувам дека тоа е изворот за позитивниот допинг тест. Направив се што можев за да ја докажам мојата невиност, поминав дури и тест на полиграф, дадов примерок од косата на една од најреномираните лаборатории“, додава Хулухан.
Сепак, рекордерката на САД на 1.500 и 5.000 метри, нема да учествува на Олимписките игри во Токио како и на Игрите во Париз кои треба да се одржат во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот