Американска амбасада по повод локалните избори: Им аплаудираме на граѓаните на Северна Македонија

Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Слободни, фер и транспарентни избори се суштински за секоја силна демократија, објави амбасадата на САД во Република Северна Македонија по повод локалните избори кои се одвиваат во земјава. Денеска граѓаните на седмите локални избори бираат градоначалници и советници во 80 општини и во Скопје, на 3480 избирачки места. Се гласа за 10.831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници. Вкупно 31 листа е поднесена од политички партии и од коалиции, а 91 листа од група на избирачи односно независни листи.

– Денеска им аплаудираме на граѓаните на Македонија, кои своето право на овој витален демократски принцип го остваруваат на локалните избори ширум земјата, стои во објавата на американската Амбасада.

Видео на денот