Американска активистка од движењето во чест на Флојд пронајдена мртва (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

За Салау не се слушна ништо од 6. јуни. Тој ден објави низа твитови во кои тврдела дека рано утрото била сексуално вознемирувана.

Полицијата од градот Талахаси ја истражува смртта на активистката на движењето „Black Lives Matter“ чие тело е пронајдено само неколку ден откако е пријавено нејзиното исчезнување.

19-годишната Олуватојин Салау и 75-годишна жена вчера вечерта се пронајдени мртви. Власите не објавија многу детали во врска со случајот, но е познато дека двата смрни случаи полициајта ги истражува како убиства и дека е приведено едно осомничено лице.

Осомничениот е идентификуван како 49-годишниот Арон Гли Јуниор.

Го опишала нападот на Твитер

За Салау не се слушна ништо од 6. јуни. Тој ден објави низа твитови во кои тврдела дека рано утрото била сексуално вознемирувана. После тоа и исчезнува секоја трага се до саботата кога е пронајдено нејзиното тело.

Салау на Твитер напиша дека тоа утро ја малтертирал маж на раскрсницата кај Парк Авенија и Пичвју Роуд. Рекла дека човекот ѝ понудил превоз до црквата каде побарала „прибежиште“ поради „неправедните животни услови“, јавува Талахаси Демократ.

Салау рече дека по инцидентот повикала полиција. Не навела во која црква престојувала.

Некои луѓе ѝ одговорија на Твитер нудејќи и помош и прашувајќи ја дали е добро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот