Американките ја продолжија доминацијата: Победа против Кина за четврта светска титула во низа

Женската кошарска репрезентација на САД по четврти пад светски шампион/1 oктомври/Фото: EPA-EFE/JAMES GOURLEY

Женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Кина во финалето на Светското првенство за жени и така стигна до 11. титула во историјата, четврта по ред.

Добро се држеше Кина во првите десетина минуити. Треба да се спомене дека Кина натпреварот го играше без својата најдобра кошаркарка Ли Менг која поради висока температура не можеше да настапи.

 

Кина на паркетот добро парираше во првото полувреме, Американките не можеа да го скршат отпорот и во втората четвртина. Веднаш на стартот на вториот дел ја започнаа доминацијата со која го трасираа патот до победата.

Набрзо во второто полувреме стигнаа до предност од +21 и тука веќе победникот беше решен. Кина се обиде, но не успеа резултатски да се врати во натпреварот. Американките го диктираа темпото и славеа со 83:61.

Со 19 поени кај САД најдобра беше Вилсон со 19 поени, додека ист број поени на спротивната страна постигна Ли. Бронзата од првенството и припадна на Австралија која славеше против Канада со 95:65.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот