Американка ставила диктафон во торбата на синот и го испратила во училиште: Набргу дознала нешто вознемирувачко

Дете и родител/ Фото: Профимедиа

Откако момчето Камден Дејвис од Луизијана било дијагностицирано со аутизам, неговата мајка го запишала во специјализирано училиште „Академија на надежта“. За жал, таа многу зажалила за таа одлука.

Мајката Милиса после извесно време забележала дека нејзиниот син се враќа од училиште видно вознемирен. Детето станало агресивно, депресивно и насилно. Сфатило дека нешто не е во ред. Таа се пожалила на училишниот одбор, но откако ништо не било преземено, решила да ги земе работите во свои раце. Таа ставила диктафон во училишната торба на синот, за да дознае што се случува.

Потоа, открила дека две наставнички го малтретираат нејзиниот син.

„Да видиме што би направиле со него во е…. јавно училиште. Не би издржал ниту минута“, се слуша на една снимка, додека на друга е забележано како наставничката му вели на детето дека не смее да седи со другите дечиња, бидејќи не знае да пишува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот