Американка обвинета за вбризгување измет во инфузијата на својот болен син осудена на 7 години затвор (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американката била уапсена во 2016 година, откако употребила шприц за да внесе измет во хемотерапијата што нејзиниот син ја примал преку инфузија.

Американката од сојузната држава Индијана, која во септември 2019 година била прогласена за виновна по шест точки за лична повреда и занемаување, бидејќи вбризгувала измет во инфузијата на својот тешко болен 15-годишен син, осудеа е на 7 години затворска казна.

Таа не била прогласена за виновна за обид за убиство. Американката била уапсена во 2016 година, откако употребила шприц за да внесе измет во хемотерапијата што нејзиниот син ја примал преку инфузија.

Тој боледувал од карцином и бил лекуван во детската болница Рајли во Индијанаполис, пренесува Си-Ен-Ен.

Албертс за време на судењето објаснила дека таа го префрлила својот син од одделот за интензивна нега во друг оддел, за кој сметала дека е со подобар квалитет.

Нејзиниот син бил во болницата од почетокот на август 2016 година и се лекувал од леукемија. Тој бил пуштен од болницата, но се вратил неколку дена подоцна; со треска, повраќање и дијареја.

Албертс првично тврдела дека таа инјектирала вода за да „ја измие инфузијата затоа што го печел лекот што го примал“, но подоцна признала дека на нејзиниот син му инјектирала сопствен измет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот