17.8 C
Скопје

Американецот Сем Кенеди ја тужи болницата Систина за клевета и бара 1 денар отштета

Американецот Сем Кенеди, кој инаку развива софтвер и технологиски стартапи и има своја компанија во Струга, ја тужи болницата Систина за клевета и бара еден денар оштета.

Тој на почетокот на годинава за „Слободен печат“ изјави дека открил безбедносни пропусти во интернет системот за личните и медицински податоци на пациенти во Систина, поточно, рече дека без никакви посебни алатки, успеал да пристапи до резултати од ПЦР тестови на пациенти од болницата, вклучувајќи го и резултатот на ИТ менаџерот задолжен за заштита на податоците на интернет базата во болницата.

-Вџашен сум што системот нема заштита. Не ги симнав сите досиеја поради легални причини, но јасно демонстрирав дека може да се симнат. Стапив во контакт со директорот на ИТ кој на Линкд Ин е референциран како задолжен за заштита на податоците. Тој ми го призна проблемот во нашата комуникација. Го симнав и неговиот ковид тест од интернет системот за што ми даде и дозвола за да го демонстрирам проблемот. Загрижен сум за општата македонска јавност. Запоставувањето овде е вџашувачко. Сервисот не користи ниту ССЛ. Не сум сигурен колку имате технологиски познавања, меѓутоа само овој опроблем е многу неодговорен, изјави Кенеди за „Слободен печат“, додавајќи дека и преку видео му демонстрирал на менаџерот на ИТ на Систина, дека може да пристапи до неговиот ковид резултат од тест направен во болницата.

Систина ги негираше ваквите наводи и за „Слободен печат“ појасни дека податоците на нивните пациенти се безбедни.

,,Развојот на информатичко комуникациската технологија придонесе за појава на облици на сајбер криминал кој претставува глобален предизвик на современото општество и факт е дека токму големи и сериозни институции, приватни или државни често знаат да бидат цел на ваков тип на искористување. Во конкретниот случај, одговорно тврдиме дека Клиничката болница Аџибадем Систина користи најсофистициран и најбезбеден технолошки систем за регулирање на сообраќајот на податоците на сите пациенти. Попрецизно, во делот на проверка на лабораториски резултати, Аџибадем Систина го користи лабораторискиот информационен систем Tenay, а неговата безбедност е контролирана и поддржана директно од Аџибадем од Турција.  Личните податоци и информации за сите пациенти, нивните медицински досиеја во Аџибадем Систина се целосно заштитени и безбедни и пристап до истите не може да има никој освен одговорните и назначени лица. Ваквите неосновани тврдења се неточни, а ширењето на лажни информации и податоци кои се тенденциозни, а можат да влијаат на било каков начин на репутацијата или работењето на болницата се кривично дело за кое се сноси сериозна одговорност”, посочија од Систина на прашањето од „Слободен печат“ за повеќе информации околу случајот.

Но, Кенеди сега ја тужи Систина во граѓанскиот суд во Скопје, за клевета.

,,Побарувам 1 македонски денар отштета, но вистинското мое барање е вистината во корист на јавното добро. На 9 февруари 2021, се тестирав за ковид во Систина во Скопје. Кога ги проверив резултатите на нивниот онлајн портал, открив барем два големи безбедносни проблеми кои ја загрозуваат приватноста на медицинските податоци на пациентите од оваа болница. Контактирав со менаџментот на Систина за да им го откријам и да им го објаснам проблемот. Го дискутиравме проблемот детално. Дури и на Зум во живо им го демонстрирав проблемот и им го покажав и резултатот на нивниот ИТ менаџер од ковид тестирањето од нивниот систем. Знаеле за овој проблем со месеци. Вториот проблем им беше новост. Менаџментот ми се заблагодари што сум им ги посочил проблемите. За жал, набрзо стана јасно дека имаат намера да оперираат со несигурниот систем на неопределено време, наместо веднаш да го решат проблемот. Во интерес да ја информирам јавноста за ситуацијата, но и за да ги притиснам да го решат проблемот што поскоро, разговарав со новинари. Излезе напис во „Слободен печат“. Без срам, менаџментот даде изјава во текстот во кој целосно го негираат постоењето на проблем, нарекувајќи ме лажго и криминалец. Навистина е храбро од нивна страна да ги негираат овие ИТ безбедносни проблеми. Со оглед на тоа што мојата изјава не само што беше вистинита, но и менаџментот на болницата знаеше дека е вистинита. Не само што ја дискутиравме вистинитоста на проблемот, туку и други аспекти, како времетраењето на проблемот, зошто проболемот постои, зошто не беше решен и други работи.”, вели Кенеди на неговиот Фејсбук профил.

 

 

Американец за Слободен печат тврди дека влегол во податоци за пациенти од Систина, болницата демантира

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар