Американец во кошаркарската репрезентација на Србија? Кокошков: Ќе видиме…

Новиот селектор на Србија, Игор Кокошков во разговор за „Кош магазин“ најави дека постои можност за прв пат во историјата да повика Американец во репрезентацијата.

Станува збор за кошаркарот на Феникс санс, Фред Камински кој има 26 години и српско потекло со што постојат сите предуслови да биде повикан во репрезентацијата.

– Знам дека Камински има и српско потекло, најверојатно од страната на мајката. Не ги знам сите детали, но тоа ќе го споделам со колегите во соблекувалната. Кога станува збор за поширокиот список на репрезентацијата, секоја кој поседува таков потенцијал, не смееме да го отфрлиме. Камински е НБА играч и засега има добра сезона, ќе размислиме, ќе видиме. Ќе направиме контакт – одговори новиот селектор за „Кош магазин“, на евентуалниот репрезентативен повик за Камински.

Ваквиот став на новиот селектор засега не предизвикува голем отпор кај кошаркаркарите и стручњаците иако во минатото, тие беа гласни по ова прашање.

– Доколку Србија одлучи да донесе странец во репрезентацијата, јас во тој момент ќе престанам да играм за националниот тим. Не ме интересира такво нешто ниту како навивач, и на никаков начин не сакам да учествувам во такво нешто. За мене тоа не е нормално. Се знае што е репрезентација, а што клуб – е изјавата на Милош Теодосиќ дадена пред неколку години.

Интересно е што и претходникот на Кокошков, Александар Ѓорѓевиќ категорично одби да го повика Камински во репрезентацијата за евентуален настап, бидејќи неговиот став беше без странци во репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот