Американец се излекувал од корона, па му стигнала сметка од 1,1 милиони долари (ВИДЕО)

70-годишен Американец кој скоро починал од ковид-19 добил изненадувачки висока сметка од 1,1 милиони долари за трошоците за лекување во болница, пишува „Сиетл Тајмс“.

Мајкл Флор бил примен во болницата во Сиетл на 4 март и останал таму 62 дена. Во еден момент, тој бил толку близу до смртта што медицинските сестри му го држеле телефонот за да може да се збогува со сопругата и децата.

Но, тој се опоравил и е отпуштен од болницата на 5 мај, на задоволство на лекарите и медицинските сестри кои се грижеле за него – за на крајот да добие сметка на 181 страници од 1,122,501,04 долари. Неговото срце скоро запрело кога ја видел сметката,вели Флор.

Во сметката е пресметано: 9.736 долари за одделението за интензивна нега дневно, близу 409,000 долари за 42- дневно претворање на просторијата во стерилен простор, 82.000 долари за употреба на респиратор за 29 дена и скоро 100 000 долари за негата за двата дена кога му бил загрозен животот.

Флор го покрива Медикер, програмата на Владата за осигурување за стари лица и нема да има потреба од вадење на паричникот, објави вчера „Тајмс“.

Но, во земја каде здравствениот систем е еден од најскапите во светот – и помислата да се направи достапен за секого останува многу контроверзна – тој рече дека се чувствува „виновен“, знаејќи дека даночните обврзници ќе ги сносат повеќето од трошоците.

„Мојата животна заштеда чинеше милион долари и секако дека се добро потрошени пари … Но, знам дека можеби сум единствениот што ќе го кажам тоа“, наведува „Тајмс“.

Конгрес го одобри гигантскиот план за одржување на американската економија за време на коронавирусот, кој вклучува буџет од 100 милиони американски долари за обештетување на болниците и приватните осигурителни компании кои лекуваат пациенти со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот