Американец лижел сладолед во маркет па го вратил во фрижидер: Доби затворска казна, а го удрија и по џебот

Андерсон и неговиот татко подоцна се вратиле во маркетот за на работниците да им ја покажат сметката со која докажале дека го купиле сладоледот. И покрај тоа, фирмата која го произведува ги повлече сите свои сладоледи од тој маркет, како мерка на претпазливост, не знаејќи колку кутии излижал Андерсон.

Маж од Тексас кој се снимал како лиже сладолед и го враќа назад на полицата во маркет доби затворска казна од 30 дена.

Снимката на Дадриен Андерсон заврши на социјалните мрежи. Тој се снимаше како извлекува кутија сладолед од фрижидер, го лиже и го враќа назад во фрижидерот.

Добил и парична казна

Освен тоа добил и условна казна на шест месеци по излегувањето од затвор, 100 часа неплатена работа и 1.000 долари казна. Мора да и плати и 1.565 долари на фирмата која го произведува сладоледот.

Инцидентот се случил во август во местото Порт Артур, на околу 150 километри од Хјустон.

Андерсон и неговиот татко подоцна се вратиле во маркетот за на работниците да им ја покажат сметката со која докажале дека го купиле сладоледот. И покрај тоа, фирмата која го произведува ги повлече сите свои сладоледи од тој маркет, како мерка на претпазливост, не знаејќи колку кутии излижал Андерсон.

Тоа Андерсон го чинеше 1.565 долари. Тој претходно годинава на суд призна што направил.

Слично направи и 18 – годишна девојка

Од маркетот известија дека поради инцидентот повикале полиција за сите што мислеле дека е смешно тоа што го направил Андерсон, воопшто не е.

Андерсон сладоледот го излижал откако на интернет се прошири слично видео од девојка која излижала кутија сладолед и ја вратила во фрижидер.

Таа имала 18 години и потоа не го купила сладоледот. Нејзиното видео е прегледано 13 милиони пати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот