Американец не успеа да стане елитен офицер на специјалните сили и запали огромен воен брод

Американската морнарица во четвртокот обвини еден морнар, член на екипажот, дека минатата година подметнал пожарот што го уништи воениот брод УСС Боном Ричард.

Бродот, кој потоа беше приклучен во Сан Диего, гореше повеќе од четири дена. Откако пожарот бил ставен под контрола, имал толку голема штета што морале да го демонтираат. Штетата беше проценета на 4 милијарди долари, пишува Си -Ен -Ен.

Морнарот, чие име не беше официјално соопштено, беше член на екипажот, а сега е обвинет за подметнување пожар на 12 јули 2020 година.

УСС Боном Ричард е редок вид воен брод во американската морнарица кој може да послужи и како мини носач на авиони.

Тој се обиде да стане специјален агент, но не успеа

Во моментот на пожарот на бродот имало околу 160 морнари и офицери. Пожарот избувна во долниот простор за складирање, каде што беа складирани картонски кутии, партали и други материјали за одржување. Повеќе од 60 морнари и цивили претрпеа полесни повреди поради исцрпеност на топлина и вдишување чад.

„Дејли Бист“ и „Сан Диего Унион-Трибјун“ објавија дека пожарот бил подметнат од морнарот Рајан Соер Мејс, кој се пријавил во морнарицата во мај 2019 година. Иако Мејс, според весникот, првично сакал да студира во областа на компјутерите, на крајот одлучил да помине обука за елитен офицер на специјалните сили.

Во датотеките на морнарицата има потврда дека Мејс, пет дена по почетокот на обуката, одлучил самиот да ја напушти обуката и му биле доделени должностите на морнар.

По пожарот, Мејс им рече на истражителите дека тренира за специјални операции и дека планира да се пријави во специјалната единица.

Нема официјална потврда за идентитетот

Морнарицата се уште официјално не го идентификуваше Мејс како морнар обвинет за подметнување пожар. Но, главниот командант на Боном Ричард, Хозе Ернандес, го опиша Мејс како „личност која покажува презир кон авторитет и американската морнарица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот