АМЕРИКАНЦИТЕ ШОКИРАНИ: Метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид над Мисури (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Камен метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид над Мисури.

НАСА вели дека метеорот, кој можеше да биде виден над Сент Луис, излетал од појасот на астероиди помеѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата.

Иако тежок околу 100 килограми, тој бил со големина колку топка за кошарка, велат астрономите.

Локалните медиуми известуваат дека на експертите им помогнале пријавите на очевидците од Јужна Дакота и Минесота и двете снимки за да го реконструираат движењето на метеорот.

Тие утврдиле дека во понеделникот камен метеор кој летал со брзина од 53.910 километри на час предизвикал силен звук на експлозија, односно го пробил звучниот ѕид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот