Американците прво го плукаа Ѓоковиќ, а сега кукаат за него откако е загрозен УС Опен

twitter/#AusOpen

Првиот тенисер на АТП ранг листата неколку недели е на удар на спортската јавност и на тенисерите од САД поради случувањата на „Адриа тур“.

Новак Ѓоковиќ се најде на удар пред сè на тенисерите од САД кои постојано го критикуваа како и американските медиуми, но се чини дека тие критики им преседнаа кога најдобриот тенисер навести дека нема да настапи на УС Опен.

Поголем дел од тенисерите од Европа кои доминираат на АТП ранг листата на најдобри играчи, најавија дека поради пандемијата на коронавирусот нема да учествуваат на УС Опен. Ваквите најави создадоа паника кај организаторот на грен слем турнирот во Њујорк, тениската федерација на САД, бидејќи зачестија и шпекулациите дека можно е и откажување на турнирот.

Поради тоа, Ѓоковиќ кој е лидер на АТП ранг листата, но и претседател на советот на тенисери, доби повик денеска да биде пред својот компјутер бидејќи треба да се одржи конференција преку Зум помеѓу АТП, организаторот на УС Опен и тенисерите.

Играчите треба да добијат јасни информации за тоа како би патувале во САД, дали би биле во задолжителен карантин во Њујорк и други подетални информации, како одговор од АТП дали по враќањето во Европа мора да поминат во задолжителен двонеделен карантин, што би значело неиграње на друг грен слем турнир, Ролан Гарос.

Организаторот на УС Опен е подготвен на големи отстапки кон најдобрите тенисери за да не го откажат учеството на грен слем турнирот во Њујорк што би значело пропаст за тениската федерација на САД. Тие се надеваат дека ќе го премислат Ѓоковиќ и тој ќе се согласи да настапи во Њујорк по што неговиот пример би го следеле и останатите најдобри европски тенисери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот