Американците повторно ги празнат продавниците: На почетокот на пандемијата купуваа тоалетна хартија, сега се бара овој производ

ФОТО: EPA / Justin Lane

Американците се фокусираа на купување работи за забава, како што се игри слагалици и слично, за да си го скратат времето во изолација.

Во Америка завладеа нова панична побарувачка – после тоалетната хартија која беше главна мета на почетокот на пандемијата од коронавирус, Американците сега масовно купуваат фарби за коса и опрема за шишање, но и се друго што може да им помогне во „тепањето“ време дома.

По стампедото во продавниците, кога масовно и панично се купуваа основните намирници, како тоалетна хартија или храна, навиките на купувачите се променија, пишува Бизнис Инсајдер.

Луѓето почнаа масовно да купуваат фарби за коса, тримери и слични производи“, рече Даг Мекмилон, генерален директор на најголемиот трговски канец Волмарт.

Масовното купување следуваше откако САД во рамките на мерките за борба против коронавирусот ги затвори дуќаните кои не се неопходни, па така не работат ниту фризерите ниту берберите.

Покрај тоа, Американците се фокусираа на купување работи за забава, како што се игри слагалици и слично, за да си го скратат времето во изолација, рече Мекмилон.

Популарно стана и купувањето опрема и материјали за подготвување храна дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот