Американците повеќе не се нација со најмногу богати

За прв пат во историјата, бројот на богати Кинези е поголем од бројот на богати Американци, иако двете држави продолжуваат да „произведуваат“ сè повеќе милионери, според истражувањето на швајцарската банка „Credit Suisse“.

Годишниот „Извештај за глобалното богатство“ на „Credit Suisse“ покажа дека до средината на тековната година 100 милиони Кинези се рангирани во првите десет проценти најбогати во светот, наспроти 99 милиони лица во САД, објави „Reuters“.

– И покрај трговските тензии меѓу Соединетите држави и Кина во текот на изминатите 12 месеци, двете држави остварија силни резултати во зголемувањето на богатството, со придонеси од 3.800 милијарди долари и 1.900 милијарди долари, соодветно“, изјави Нанет Хeшлер-Фајдерб, шеф на „Credit Suisse“ одделот за економија и истражување.

Бројот на милионери во светот од средината на 2018 до средината на 2019 година се зголеми за 1,1 милиони на 46,8 милиони, кои заедно поседуваат нето средства 158,3 трилиони долари, што е 44 проценти од вкупното глобално богатство, покажаа резултатите од студијата.

Од 1,1 милиони нови милионери, дури 675.000, значи повеќе од половината доаѓаат од САД.

Во исто време, бројот на милионери во Австралија е намален за 124.000, во Британија за 27.000, а во Турција за 24.000.

Во извештајот се заклучува дека 55.920 возрасни лица имаат богатство од најмалку 100 милиони долари, додека 4.830 лица имаат нето средства во вредност од над 500 милиони долари.

Се предвидува и дека глобалното богатство, кое е зголемено за 2,6 проценти во текот на изминатата година, да порасне за 27 проценти во текот на следните пет години, на 459 трилиони долари до 2024 година.

Бројот на милионери, исто така, ќе се зголеми во тој период, на скоро 63 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот