Американците полудеа поради Јокиќ: Новинарите во клинч, соиграчите почнаа да пишуваат на кирилица

Никола Јокиќ уште еднаш докажа зошто беше МВП за минатата сезона/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ има неверојатна сезона во која никого не остава рамнодушен и со право е еден од главите фаворити за МВП наградата. Јокиќ постигнува просечно 26.1 поени, 11 скокови и 8.8 асистенции по натпревар, а неговиот Денвер моментно е четври на табелата со скор од 36 победи и 20 порази.
Згора на тоа, сезонава оствари дури 15. трипл-дабл учиноци што е неверојатно достигнување за играч кој игра на центарската позиција.

Игрите на Јокиќ ги раскараа дури и новинарите во САД кои ги следат случувањата во НБА лигата. Најсвеж е примерот со новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхосрт кој влезе во клинч со Тим Бонтемпс кој е задолжен за анкетите во кои новинарите од целиот свет даваат мислење за тоа кое е најдобар играч во регуларниот дел од сезоната.
Во последната анкета, Јокиќ има 969 бодови, а зад него е центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, а трет е Јанис Адетокумпо кој заостанува со дури 569 бодови зад Јокиќ.
На Виндхорст не му се допадна тоа што на последната анкета го нема Леброн Џејмс кој веќе два месеци не игра поради повреда,  и смета дека кошаркарот на Лејкерси имал значајна предност пред да се повреди. На ова тврдење реагираше Бонтемпс.
– Не, немал никаква предност. Немој да измислуваш некакви податоци. Рече дека Леброн имал значајна предност, но тоа е лага. Леброн имаше тесна предност. Доколку сакаш измислувај нови правила за анкетите и прави ги ти. Слушај ги луѓето што ги зборуваат бидејќи ти се магаре –бесно одговори Бонтемпс.

Додека новинарите се расправаат за тоа дали Јокиќ заслужува да биде МВП на сезоната, неговите соиграчи му даваат поддршка.
Арон Гордон кој неодамна пристигна во Денвер од Орландо, на социјалните мрежи почна да пишува на кирилица како знак за поддршка на Јокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот