Американците полудеа по руската апликација – половина милион нови корисници за 4 дена

profimedia
Социјални мрежи / Фото: Profimedia

Повеќе од половина милион Американци ја презедоа руската апликација Телеграм за само 4 дена, од минатата среда до неделата, по гасењето на налогот на Доналд Трамп на Твитер и отстранувањето на апликацијата Парлер.

Телеграм така стана втора најбарана апликација во САД, зошто Американците бараат алтернатива за големите корпоративни социјални мрежи.

Телеграм, социјалната мрежа и сервис за безбедна размена на пораки, која е креирана во Русија преземена е 545.000 пати во периодот меѓу 6. јануари и неделата 9. јануари, три пати повеќе отколку во истиот период претходната седмица, јави американската телевизија Фокс Њуз.

Масовниот „егзодус“ на Американците кон другите социјални мрежи следуваше зошто тие потешко се контролираат, за разлика од традиционалните, како што се Фејсбук или Твитер, но и поради политиката на корисници која ја спороведуваат мејнстрим социјалните мрежи, објави Њујорк Тајмс.

Телеграм во последните 72 часа доби 25 милиони нови корисници, рече основачот на оваа мрежа Павел Дуров. Тој откри дека 38 проценти од новите корисници дошле од Азија, 27 од Европа, 21 отсто од Латинска Америка, 8 отсто од Блискиот Исток и од Северна Африка, пренесува порталот ПЦНен.

Фокс Њуз наведува дека руски Телеграм во голема мера профитирал зошто корисниците масовно ја напуштаат американската апликација за размена на порака ВотсАп, во сопственост на Фејсбук, поради измена на условите за користење со кои е нарушена приватноста на корисниците.

Апликацијата „Signal“ доби над 810.000 нови корисници кои „побегнаа“ од „WhatsApp“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот