13 C
Скопје

Американците на „црн петок” само онлајн потрошиле девет милијарди долари

Купувањето преку интернет на „црн петок” годинава достигна највисоко ниво од девет милијарди долари, имајќи предвид дека американските потрошувачи за време на пандемијата Ковид-19 се свртеа кон онлајн купување.

За разлика од претходните години, кога Американците ги полнеа продавниците неколку часа по Денот на благодарноста, оваа година тие одлучија да купуваат преку компјутер и телефон, со цел да ги искористат продажбите и попустите.

За време на „црниот петок”, американските потрошувачи досега трошеле 6,3 милиони долари во минута кога купувале преку интернет, или во просек по 27,5 долари од лице, покажуваат податоците на Адобе Аналитикс.

Трошоците за паметни телефони годинава се зголемиле за 25,3 проценти од минатата година на 3,6 милијарди долари, бидејќи паметните телефони сочинуваат 40 проценти од вкупната е-трговија.

Прочитајте и...  Земјотрес од 3,4 степени го погоди Крагуевац

Потрошувачката на купувачите на „црн петок” годинава се зголемила за 21,6 проценти во споредба со минатата година.

Според Адобе Аналитикс, и покрај рекордите, годинашниот „црн петок” стана втор најголем ден на трошење преку Интернет во историјата на САД, зад „кибер понеделник” минатата година.

Се проценува дека „кибер понеделник” годинава ќе стане денот со најголема онлајн потрошувачка во историјата.

За време на Денот на благодарноста, во четвртокот, онлајн потрошувачката се зголемила за 21,4 проценти, на рекордни 5,1 милијарда американски долари.

Извор.МИА

Поврзани вести

Началник на клиника сексуално вознемирувал неподвижен пациент: Обвинението против докторот од Бања Лука е потврдено

И.И.

Снег и силен ветар ноќеска на Шапка: Се расчистува завеаниот пат низ викенд населбата

Слободен печат

Претседателот на Уставен суд Мурати на средба со Груби: Соодветна и правична застапеност и постоење на единственост во ставот меѓу сите судии како основни и најитни приоритети

Слободен печат

Македонски дипломатски активности во Брисел: Димитров и Османи „очи во очи“ со министрите за надворешни работи на Шведска и Финска

Слободен печат

ММФ ќе се фокусира на економските последици од климатските промени

И.И.

ВИДЕО: Руската балтичка флота почна големи поморски маневри

Слободен печат

Остави Коментар