Американците на Црн петок преку интернет потрошиле рекордни 7,4 милијарди долари

Американците на Црн петок годинава потрошиле рекордни 7,4 милијарди американски купувајќи преку Интернет, додека помалку луѓе отишле во продавници.

Сумата се доближи до рекордниот дневен износ од 7,9 милијарди американски долари потрошени на минатогодишниот Кибер понеделник, кој засега го држи дневниот рекорд за онлајн продажба, соопшти „Адоб аналитика”, компанија која мери продажби во 80 од 100 американски онлајн малопродажни трговци.

Кибер понеделник е еден ден по празничниот викенд по Денот на благодарноста, кој традиционално е на четвртиот четврток во ноември.

„Адоб” очекува продажбата на Интернет утре на Кибер понеделник да надмине уште еден рекорд и да достигне 9,4 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот