Американците масовно инвестираат во Кина

фото: EPA-EFE/WU HONG

Странските директни инвестиции (СДИ) во Кина се зголемиле за 6,5 посто во периодот јануари-март, или на 36,19 милијарди долари во споредба со истиот период од минатата година.

Ова го соопшти кинеското Министерство за трговија.

Само во март, „СДИ“ во Кина се зголемени за осум проценти на годишно ниво или на 95,17 милијарди долари, што е пораст во однос на фебруарските 62,94 милијарди долари, соопшти Министерството.

„СДИ“ во Кина од САД се зголемени за 71,3 проценти во првите три месеци од оваа година, велат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот