Американците ја нападнаа Русија: Го купија Мундијалот

твитер

Само еден ден откако рускиот спорт е суспендиран на четири години од големите светски настани, денеска ново обвинение, Русија го купила Мундијалот во 2018 година.

Американското министерство за правда објави извештај на ФБИ во кој се тврди дека Сеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА примил мито од неименуван руски олигарх за Русија да ја добие организацијата на СП 2018 година.

Русија во 2010 година ја доби организацијата пред Англија и заедничките понуди на Холандија/Белгија и на Шпанија/Португалија.

За можните проблеми со корупција се зборуваше и во минатото, а големи се сомнежите дека и Катар на идентичен начин ја доби организацијата на СП 2022 година.

Извештајот кој има 430 страници е објавен во понеделникот како дел на истрагата на ФБИ за претседателските избори во САД 2016 година, и во него се наоѓа извештај кој го поднел поранешниот припадник на англиската тајна служба, Кристофер Стил кој тврди дека руски олигарх со мито ја купил организацијата на Мундијалот.

„Во јуни 2011 година Стил поднесе извештај од наводен разговор помеѓу тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин во кој Путин признава дека неименуван руски олигарх со мито ја купил организацијата на Светското првенство во 2918 година“, стои во документот кој го објави Министерството за правда на САД.

Потоа во извештајот се потврдува дека Мундијалот е купен.
„Во 2012 година, Стил ги запозна луѓето ид ФБИ си двајца британски разузнавачи кои имаа информации за митото. По разговорот, успеаја да дојдат со член на организацијата која е блиска до Путин и Кремљ кој потврдил како е купено Светското првенство“, пишува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот